Координативна средба со претставници на Совет на Европа

Министерот Салиу оствари координативна средба со претставници на Советот на Европа во Скопје, г. Олег Солдатов, раководител на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, и г-ѓа Мерсиха Усеин.

Разговорот беше фокусиран на потребата и можноста за организирање серија средби кои ќе ги обединат ресорните министерства вклучени во спроведувањето на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030 и единиците на локалната самоуправа.

Целта на овие средби е интензивна размена на информации и искуства, како и отворено посочување на реалните проблеми со кои се соочува ромската заедница. Преку заеднички дијалог, ќе идентификуваме нови активности и иницијативи кои директно ќе придонесат за подобрување на состојбата на Ромите во Република Северна Македонија.

Покрај темелното спроведување на националната Стратегија, посебен акцент на претстојните средби ќе биде ставен на имплементацијата на Познанската декларација, со што ја потврдуваме нашата посветеност кон европските стандарди за човекови права и социјална кохезија.

Соработката меѓу Кабинетот и Советот на Европа во Скопје продолжува и во иднина, цврсто посветена на доброто на припадниците на ромската заедница во државата. Заедно градиме инклузивно општество за сите.

Активности: