Министерот Салиу оствари средба со делегација од Град Крагуевац, Р.Србија

Министерот д-р Шабан Салиу оствари значајна средба со Гордана Дамјановиќ, помошник на градоначалникот на Град Крагуевац за здравствена и социјална заштита, човекови и малцински права, како и со Ивана Обрадовиќ Станиќ, началник на Одделението за човекови и малцински права, родова еднаквост и превенција на трговија со луѓе при Град Крагуевац. На средбата се разговараше за конкретни пристапи во областа на социјалната заштита, човековите и малцинските права, како и за важноста од институционална поддршка и инклузивни политики. Посебен акцент беше ставен на отворањето можности за регионална соработка и заеднички активности, со цел размена на знаења, зајакнување на капацитетите и креирање поефикасни решенија за подобрување на животните услови и интеграцијата на Ромите во општеството. Беше истакнато дека ваквите средби претставуваа важен чекор кон градење посилна регионална соработка и заедничка заложба за еднаквост, инклузија и почитување на човековите права.

Активности: