Салиу: Особено ми е драго што ОБСЕ преку своите иницијативи, проекти и програми, го поддржува унапредувањето на правата и условите за живот на ромската заедница.
Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, д-р Шабан Салиу, имаше можност да присуствува на состанокот организиран од страна на ОБСЕ, каде што со големо задоволство одржа воведно обраќање и завршни зборови на овој значаен настан. На состанокот беше презентирана анализата на извештајот за статусот на земјата, со посебен фокус на клучните наоди и препораките за подобрување на положбата на ромската заедница.
„Особено ми е драго што ОБСЕ преку своите иницијативи, проекти и програми, го поддржува унапредувањето на правата и условите за живот на ромската заедница. Нивната поддршка е значајна за подобрување на многу аспекти од социјалниот и културниот живот на Ромите, особено во образованието, вработувањето и здравствената заштита, кои се клучни за нивниот просперитет и интеграција. Со заедничка посветеност и напори, верувам дека сите заедно ќе можеме да придонесеме кон позитивни промени и ќе овозможиме подобри можности за ромската заедница. Им посакувам еднакви права и услови за учество во сите сфери на општеството, што е темел за градење инклузивно општество. Со ваква соработка и заемна поддршка, убеден сум дека сите заедно можеме да создадеме похумано и праведно општество, во кое секој ќе има можност за достоинствен живот и развој.“ – вели Салиу
