Министерот Салиу оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија, Н.Е. Озлем Џанел

Министерот Салиу имаше работна средба со амбасадорката на Кралството Холандија, Н.Е. Озлем Џанел.

На средбата, беа презентирани четирите главни проекти за инклузија на Ромите во Македонија, како и состојбата на Ромската популација во земјата.

Амбасадорката Џенел ја поддржа иницијативата и ја истакна важноста на овие проекти, со посебен акцент на едукацијата. Таа нагласи дека главниот фокус треба да биде на младите, особено на децата и жените од ромската заедница, како групи кои имаат потреба од посебна поддршка и инклузија во образовниот систем.

Оваа средба е дел од напорите за подобрување на условите за Ромите во Македонија, како и за продлабочување на соработката со меѓународни партнери во рамки на Стратегијата за инклузија на Ромите.

Активности: