Министерот Салиу на свечено отворање Sante Plus Hostiptal Group

Министерот Салиу, на покана на Претседателот на Управниот одбор на Sante Plus Hospital Group, д-р Билал Кара, заедно со колеги од Владата на Република Северна Македонија, присуствуваше на свечената церемонија по повод отварањето на четвртиот Sante Plus болнички комплекс во Скопје.

На овој значаен настан присуствуваше и министерот за трговија на Република Труција, г-дин Омер Болат и амбасадорот на Република Турција, Н.Е. Фатих Улсој.

„Оваа инвестиција ќе стане важен дел од животот на граѓаните и ќе придонесе за подобрување на квалитетот на здравствените услуги на сите што ќе ја посетат. Новата медицинска установа на Санте плус групацијата која се наоѓа меѓу општините Шуто Оризари, Бутел и Чаир, меѓу бројните здравствени услуги по поволни цени, ќе нуди и итна служба достапна 24 часа.“ - вели Салиу

Активности: