Учество на настан по повод 5 Ноември - Меѓународниот ден на Ромскиот јазик

Во рамки на програмата "Ноемвриски денови 2025", со особена чест и задоволство, денес претставници на Кабинетот присуствуваа на настан по повод Меѓународниот ден на ромскиот јазик – 5 Ноември. Настанот кој беше организиран од страна на Центарот за ромската заедница – ДРОМ, Куманово, со поддршка на Општина Куманово, се одржа во Занаетчискиот дом во Куманово.

ДРОМ повеќе години активно работи на унапредување на правата, образованието и културната афирмација на Ромите, придонесувајќи кон почитување на различностите и зачувување на ромскиот јазик и традиција.

Честитки до организаторите за успешниот настан и нивната посветеност кон промоција на ромската култура и јазик!

Активности: