Министерот Салиу оствари средба со новата амбасадорка на НР Кина, Н:Е Џианг Сиаојан
Министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, д-р Шабан Салиу оствари средба со новата амбасадорка на НР Кина, акредитирана во Република Северна Македонија, Н.Е. Џианг Сиаојан.
На средбата амбасадорката беше запознаена со осумте точки од Стратегијата, кои произлегуваат од состојбата на Ромите во Република Северна Македонија.
Н. Е. Сиаојан ја искажа нивната поддршка, но и желба за понатамошна соработка, како би придонеле за подобрување на животните услови на ромската заедница.
