Министерот Салиу на конференција во Чанаккале Р. Турција
На покана на претседателот на Федерација на Европски и Балкански ромски здруженија, г-дин Хилми Кескин, во Чанакале, Р. Турција, министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, присуствуваше на Конференција на која што се зборуваше за формирање федерација за заедничко дејствување на невладините организации.



