Министерот Салиу на конференција во Чанаккале Р. Турција

На покана на претседателот на Федерација на Европски и Балкански ромски здруженија, г-дин Хилми Кескин, во Чанакале, Р. Турција, министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, присуствуваше на Конференција на која што се зборуваше за формирање федерација за заедничко дејствување на невладините организации.

На конференцијата се дискутираше за положбата на Ромите во Турција и Балканот каде што министерот Салиу ја презентираше моменталната состојба од спроведувањето на Стратегијата за инклузија на Ромите.

„Посетата на Едрене ја искористив за средби со локалните лидери Роми, кои освен што ни овозможија да размениме знаења, претставуваат зародиш за нови средби и плодни проекти“, рече Салиу.

Активности: