Министерот Салиу оствари средба со претставници од Р.Турција

Министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030 оствари продуктивна средба со претставници од Република Турција кои активно работат на имплементацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите.

На средбата беше разговарано за можностите за идна соработка, како и за заеднички проекти преку кои очекуваме значително да се подобри состојбата на Ромите и во Македонија и во Турција.

Особен акцент беше ставен на размена на добри практики, зајакнување на институционалните капацитети и создавање нови модели на поддршка во областите образование, вработување, здравство и социјална инклузија.

Средбата беше уште една потврда дека преку регионално партнерство и заедничка визија може да создадат одржливи решенија и реални промени во заедницата.

„Продолжуваме со конкретни чекори и силна посветеност кон унапредување на правата и квалитетот на живот на Ромите“ - вели Салиу.

Активности: