Салиу: Република Турција изражи желба за поддршка на проекти од областа на домувањето
Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Роми, д-р Шабан Салиу, одржа значајна средба со амбасадорот на Република Турција, Н. Е. Фатих Улусој.
На средбата разговараше за поддршката која Република Турција ја пружа за унапредување на положбата на Ромите во РСМ, особено преку разни програми и проекти.
Турската амбасада е еден од најголемите поддржувачи на Ромската стратегија во Република Северна Македонија, со постојани иницијативи за унапредување на образованието, вработувањето, домувањето и здравствената заштита на Ромите.
Салиу: На средбата се истакна важноста на оваа соработка и најавија поддршка во областа на домувањето за изградба на социјални домови.
Соработката помеѓу турската амбасада и кабинетот на министерот за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, продолжува да биде важен двигател во постигнувањето на инклузивно општество, со конкретни резултати и значителни промени за ромската заедница во Република Северна Македонија.
