Министерот Салиу на средба со „Дендо Вас“.
Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, д-р Шабан Салиу, на денешната средба со претставниците на Здружението Центар за образовна поддршка, "Дендо Вас" од Скопје, разговараа за исполнување на правото на образование за децата Роми. Од Здружението беа посочени проблемите и потребите кои ги имаат децата Роми во текот на образованието и кои се главните причинители за напуштање на основното образование. " Дендо Вас" го информираа и поканија министерот Салиу да земе учество во процесот на креирање предлог-политика до Министерството за образование и наука (МОН), со цел потребите на децата Роми да се внесат во новата Стратегија за образование која ќе ја подготвува МОН.
