Министерот Салиу учествуваше во хуманитарна акција во организација на американската амбасада во Скопје
Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, д-р Шабан Салиу, учествуваше во хуманитарна акција за дарување крв, организирана од американската амбасада во Скопје. Оваа акција има за цел да обезбеди помош за најранливите заедници во нашето општество, со посебен акцент на потребите за крв и крвни продукти во здравствениот систем.

