Донација на IT опрема за СУГС Шаип Јусуф во Шуто Оризари

Министерот Салиу заедно со амбасадорот на Суверениот воен ред на Малта, Н. Е. Франческо Саверио Џусти, го посетија СУГС Шаип Јусуф лоцирано во општина Шуто Оризари. Причината на посетата беше иницијативата на министерот Салиу, да се направи донација на IT опрема од страна на амбасадата на Суверениот воен ред на Малта. Н.Е. Франческо Саверио имаше можност да го разгледа училиштето, да ги утврди условите за работа во оваа институција, како и бројните награди односно успесите постигнати од страна на учениците од ова училиште. „Со директорот на училиштето, Доан Сулејманоски разговаравме за проблемите со кои се соочуваат како институција, но и нивните ученици и отворено му ја понудивме нашата помош и соработка.

Активности: