Донаторска конференција „Ромите и пријателите“

Под слоганот "Ромите и пријателите" денес се одржа донаторска конференција со единствена цел - помош и поддршка за Ромите во Македонија. Со своето присуство, оваа конференција ја поддржаа министри, амбасадори и претставници на меѓународни организации.

Во текот на конференцијата беа презентирани четири стратешки проекти насочени кон подобрување на домувањето, унапредување на културата, поттикнување на вработувањето и забрзување на процесите на дигитализација.

Овој настан претставува значаен чекор за соработка и поддршка на проекти со големо општествено влијание на ромската заедница! Овие иницијативи имаат за цел да поттикнат иновации, економски развој и зголемена благосостојба на граѓаните, преку заеднички напори и инвестиции од домашни и меѓународни партнери!

Подрршката на учесниците е од суштинско значење за реализација на овие проекти, затоа што само со заеднички напори веруваме дека ќе создадеме одржлив и просперитетен развој на Ромите во Македонија. 

 

Активности: