Трет состанок на Националното координативно тело
Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, д-р Шабан Салиу, во својство на Национален координатор, на 03.12.2025 го одржа третиот по ред состанок на Националното координативно тело (НКТ) за следење на имплементацијата на Стратегијата.
На состанокот свое излагање имаа претставници од ресорните министерства, меѓународни организации, претставници на релевантни институции, како и претставници од невладиниот сектор и други присутни гости. Присутните изнесоа информации за степенот на реализација на активностите од Стратегијата, при што детално беше образложено што е досега имплементирано и до каде се со спроведувањето на предвидените мерки.
