Работилница за анализа на состојбата на жените Ромки во Северна Македонија

На 12 и 13 ноември 2025 година, во Велес се одржа работилница со цел да се направи анализа за состојбата на жените Ромки во Северна Македонија, на која активно учество зема и претставник на Кабинетот, г-ѓа Џенифа Асановска.

Министерот Салиу оствари средба со директорката на ДУЦОР „Партенија Зографски“ – Скопје

Денес остварив средба со директорката на ДУЦОР „Партенија Зографски“ – Скопје, г-ѓа Слободанка Џеповска. ДУЦОР „Партенија Зографски“ – Скопје веќе седум децении посветено работи со ученици со посебни образовни потреби (со оштетен слух).

На средбата разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат учениците, за нивните потреби, но и за скриените таленти и потенцијалот што го поседуваат.

Учество на настан по повод 5 Ноември - Меѓународниот ден на Ромскиот јазик

Во рамки на програмата "Ноемвриски денови 2025", со особена чест и задоволство, денес претставници на Кабинетот присуствуваа на настан по повод Меѓународниот ден на ромскиот јазик – 5 Ноември. Настанот кој беше организиран од страна на Центарот за ромската заедница – ДРОМ, Куманово, со поддршка на Општина Куманово, се одржа во Занаетчискиот дом во Куманово.

Стартува проектот „Поддршка на Европската интеграција на Северна Македонија“

Стартува проектот „Поддршка на Европската интеграција на Северна Македонија“, финансиран од Владата на Шведска преку Sida, Владата на Швајцарија преку SDC и Министерството за европски прашања (МЕП), а имплементи

Pages