5 Ноември - Меѓународен ден на ромскиот јазик

Sajdime, Den man shajdipe te seljaminkerav tumen hem te phenav mo loshalipe baso nisankeribe o dive e Romane chibjakoro. Mangava te bahtakerav akava dive hem te nisankerale akava baro dive panda but bersa. Почитувани, Дозволете ми да Ве поздравам и да го изразам моето задоволство што денес го одбележуваме Меѓународниот ден на ромскиот јазик, 5 Ноември. Денешниот ден за нас Ромите е од особена важност, затоа што не потсетува на нашите корени кои доаѓаат од нашата прататковина, далечната Индија, не потсетува на нашето големо јазично богатство, но исто така не потсетува дека и понатаму треба да продолжиме со зачувувањето и негувањето на нашиот мајчин јазик - ромскиот јазик, како дел од нашиот национален идентитет. Денес сакам да ја споменам големата заложба на нашиот истакнат ромолог професорот Шаип Јусуф, авторот на првата ромска граматика, ромското букварче и речникот на ромски јазик, кој целиот свој живот го посвети во потрага по корените на Ромите, изучувањето и негувањето на ромскиот јазик. Благодарение на неговите иницијативи, ние денес имаме редакција на ромски јазик при Македонската телевизија и радио, факултативна настава за изучување на ромскиот јазик, имаме книги на ромски јазик. Но, не треба тука да застанеме. Ние и понатаму треба сите заедно да работиме во зачувувањето, негувањето и унапредувањето на нашиот мајчин ромски јазик.

              

 

Активности: