Честит 22 Ноември - Денот на албанската азбука
Денес во Владата на РСМ го одбележуваме 22 Ноември - Денот на албанската азбука. На албанската заедница им го честитаме овој значаен датум кој ја слави културната и јазичната традиција на албанскиот народ.
На овој ден во 1908 година, во Битола, се одржа Битолскиот конгрес на кој беше стандардизирана албанската азбука – важен чекор за унапредување на писменоста и образованието. Изразуваме почит кон оваа традиција која ги поврзува народите и гради основа за богат културен дијалог.
