Министерот Салиу оствари средба со министерот за човекови и малцински права и општествен дијалог, г-дин Демо Бериша од Република Србија

Министерот Салиу оствари значајна средба со министерот за човекови и малцински права и општествен дијалог, г-дин Демо Бериша од Република Србија, на која беа разменети искуства и добри практики поврзани со унапредувањето на правата и статусот на ромската заедница во двете држави.

„Разговаравме за тековните политики, проблемите, предизвиците и можностите за поефикасна институционална поддршка, а со особено задоволство можам да истакнам дека во завршна фаза е процесот за заеднички меморандум за соработка“ - вели Салиу.

На средбата беа разгледани и конкретни можности за регионална соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Србија, со цел создавање подобри услови за живот, еднакви можности и целосна инклузија на ромската заедница во двете држави. Министерот Демо Бериша изрази јасна волја и отвореност за сеопфатна соработка, со фокус на заеднички регионални иницијативи.

На средбата учествуваше и Александар Кнежевиќ, министер-советник во Амбасадата на Република Србија во Република Северна Македонија, кој даде значаен придонес во разговорите за билатералната и регионалната соработка.

„Убеден сум дека ваквите средби и партнерства се силен чекор напред кон одржливи решенија и вистинска регионална солидарност“ - вели Салиу

17/12/2025


 

Активности: