Регионалната конференција „Western Balkan Youth and EU: Shaping Our Common Future“
Претставници од Кабинетот на МИСР учествуваат на регионалната конференција „Western Balkan Youth and EU: Shaping Our Common Future“, која оваа година се одржува истовремено во пет градови: Белград, Сараево, Скопје, Тирана и Приштина.
Конференцијата има за цел да ја зајакне регионалната соработка и да ја засили улогата на младите во креирањето на заедничката европска иднина на Западен Балкан.
Нашето учество претставува дел од пошироката регионална иницијатива за промовирање на младинските перспективи и зајакнување на партнерствата на Западен Балкан, во духот на заедничките европски вредности.

