Министерот Салиу оствари средба со претставници на Светска банка

Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Роми, д-р Шабан Салиу, имаше средба со г-дин Масимилијано Паолучи, државен менаџер за Косово и Северна Македонија, во регионот на Европа и Централна Азија на Светска банка и г-ѓа Бојана Нацева, виш специјалист за образование во Светската банка.

На средбата се разговараше за прашања поврзани за социјалните политики и социјалниот развој каде што од страна на министерот беа предложени политики и предлог решенија во областа на домувањето како еден од приоритети во Кабинетот. Исто така,беше разговарано за помош и поддршка на Ромите во процесот на образование, со што се отворија можности за понатамошна соработка.

Активности: