Соопштенија

Министерот Салиу оствари средба со претставници на РЕДИ.

18.10.2024

Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите оствари средба со претставници на РЕДИ, г-ѓа Надире Реџепи и г-дин Асиб Зекир, и проектен офицер во Советот на Европа, г-ѓа Мерсиха Усеин.

Средба помеѓу министерот Салиу и амбасадорот на Р. Словенија, Н.Е. Грегор Прескер

14.10.2024

Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите имаше средба со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер.

Во текот на дискусијата нотирана е потребата од зајакнување на меѓусебната соработка во областа на образованието преку можни стипендирања студенти Роми во Универзитетите на Република Словенија.

Министерот Салиу во својот кабинет го пречека амбасадорот на Француската Република, Н.Е. Кристо Ле Риголер

14.10.2024

На средбата беа претставени досегашните достигнувања, приоритети, цели како и моменталната состојба од имплементацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите.

„Отворивме можности за идна заедничка соработка во областа на домувањето и образованието, каде што од негова страна беше кажано дека можеме да сметаме на поддршката на Франција.“, кажа Салиу.

Pages