Министерот Салиу на работен состанок во Советот на Европа
Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, д-р Шабан Салиу, беше дел од состанокот во Советот на Европа, каде што учествуваше во настан посветен на дијалогот со ромското и патувачко население, со фокус на образованието и признавањето на историјата на Ромите, вклучително и сеќавањето на холокаустот на Ромите.



