Министерот Салиу на работен состанок во Советот на Европа
Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, д-р Шабан Салиу, беше дел од состанокот во Советот на Европа, каде што учествуваше во настан посветен на дијалогот со ромското и патувачко население, со фокус на образованието и признавањето на историјата на Ромите, вклучително и сеќавањето на холокаустот на Ромите. Настанот што се одржа во Стразбур, Франција, претставува значаен чекор во унапредувањето на меѓусебното разбирање и почитувањето на човековите права – основна вредност за Советот на Европа.
„Овие средби ја рефлектираат нашата посветеност кон заедничките европски вредности и меѓународните организации што активно придонесуваат за подобрување на ситуацијата на Ромите низ Европа, гледајќи ја различноста како предност, а не како закана.“ – кажа Салиу.
