Министерот Салиу на работна средба со амбасадорот на Суверениот воен ред на Малта, Н. Е. Франческо Саверио Џусти
Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, д-р Шабан Салиу, се сретна со Н. Е. Франческо Саверио Џусти, амбасадор на Суверениот воен ред на Малта.
За време на средбата, амбасадорот ја изрази својата загриженост за состојбата на ромската заедница, особено за положбата на ромските деца. Тој истакна дека Суверениот Ред на Малта ја смета ромската заедница за свој пријател и дека акцентот треба да се стави на вклучувањето на ромските деца во образовниот систем.
Амбасадорот, исто така, нагласи дека образованието е клучно за постигнување на вистинска инклузија и дека преку образованието ќе се создадат услови за целосна интеграција на ромската заедница во општеството. Во таа насока, тој изрази подготвеност да ни ја понуди својата поддршка, посебно во поглед на помошта за младите и за подобрување на условите во училиштата, со цел да се обезбедат еднакви можности за сите деца.
„Со големо очекување на успешна соработка, се надеваме дека оваа поддршка ќе биде клучна за создавање подобри услови за идните генерации на нашата заедница и за остварување на нивниот целосен потенцијал“ – вели Салиу.
