1 декември, Национален ден на Романија

На покана на романскиот амбасадор акредитиран во Република Северна Македонија, Н. Е. Адела Моника Аксинте, министерот Салиу присуствуваше на свечено одбележување на Националниот ден на Романија, 1 декември.

Романците низ целиот свет го слават 1 декември, Националниот ден на Романија, како најважниот ден во историјата на државата - Денот на големото обединување. Во 1918 година, за време на владеењето на кралот Фердинанд Први, во Алба Јулија, се одржало Големото Собрание кое гласало за обедување на Трансилванија со Романија и со тоа настанала таканаречената Голема Романија.

Нека им е честит Денот на обединувањето!

Активности: