Министерот Салиу на проштална посета во амбасада на Република Индија
На покана на амбасадорот на Република Индија со седиште во Софија, Н.Е. Санџај Рана, министерот Салиу присуствуваше на прошталниот коктел по повод завршувањето на неговата амбасадорската задача.
„Ми беше чест да бидам дел од овој значаен настан кој ја одбележа завршницата на неговата успешна дипломатска мисија.
Амбасадорот својот мандат го заокружи со исклучителен придонес во зајакнувањето на билатералните односи меѓу Република Индија и Република Северна Македонија, придонес во развивање на економските, културните и научните врски. Неговата посветеност и труд ќе останат да сведочат за него како силен партнер на ромската заедница.
Присуствувањето на овој настан беше одлична прилика да се потсетиме на важноста на дипломатските врски и соработката со Република Индија.
Му посакувам сè најдобро во идните предизвици и успех во новите обврски кои ќе ги преземе.“ - вели Салиу.
