Крводарителска акција
Во организација на министерот д-р Шабан Салиу и Црвениот крст на Македонија, на 23.09.2025 во Шуто Оризари се одржа крводарителска акција. „Дарувањето на крв претставува и дарување на живот. Преку овие акции сакаме да покажеме љубов и почитување кон другите и да поттикнеме поголема солидарност и хуманост,“ истакна министерот д-р Салиу.
Тој упати апел до сите граѓани – не само од Шуто Оризари, туку и од целиот град Скопје – да ја покажат својата хуманост и солидарност со дарување крв, затоа што тоа може да значи спасен живот.
