Хуманитарна акција за поплавените во Кичево и дополнителна поддршка за најранливите семејства во Охрид, Битола и Шуто Оризари

Во изминатите денови, во соработка со LDS Church, скопската фирма „Хипомед“ – Скопје и координаторот   г-дин Мухаедин Бела, беа обезбедени и поделени хигиенски пакети за семејствата погодени од поплавите во населбата Прилепска, во општина Кичево. Солидарноста и грижата за најранливите беа препознаени како заедничка обврска, особено во моменти кога граѓаните се соочуваа со тешки последици од елементарни непогоди. Беше потенцирано дека со АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката се разгледуваа можности за трајно решавање на станбеното прашање на овие семејства. Покрај Кичево, ваква поддршка беше обезбедена и за семејства во Охрид, Битола и Шуто Оризари, со цел навремено да се одговори на нивните основни потреби и да им се олесни секојдневието.

„Продолжуваме со посветена работа и соработка со партнерите, за помош да стигне до секој кому му е потребна.“- вели Салиу

Активности: